Актуелниот женски фудбалски шампион на Македонија, Љуботен, со 0-2 славеше на гостувањето во Македонска Каменица и го доби дербитно против Саса. Четирикратниот шампион славеше со головите на јапонската интернационалка Ајури Тераваки во 30-тата минута, како и на Јулија Живиќ во 77-мата минута.
Дуелот во Македонска Каменица беше своевидна генералка за фудбалерките на Љуботен пред настапот во втората рунда од квалификациите за пласман во женската Лига на шампиони и турнирот кој ќе се одржи во Белгија.
Скопје со минимални 0-1 го доби мечот против Топ гол во Битола со голот на Каралиоска, додека Речица со 1-3 победи на гостувањето кај Кочани.
Мечот помеѓу Истатов и Ас јунајтед заврши со победа на гостинките од 0-3.
Последниот натпревар од ова коло, оној помеѓу Тиверија и Атлетико, не се одигра бидејќи екипата од Битола со писмо известила дека нема да продолжи да се натпреварува во женската прволигашка конкуренција, па лигата останува со девет екипи.