Шампионот остана без офанзива за ПСЖ – Гнабри му се приклучи на Левандовски на листата со отсутни играчи

Баерн има многу проблеми пред стартот на двомечот со Пари Сен Жермен, а покрај Роберт Левандовски, Ханси Флик објави дека не може да смета ниту на Серж Гнабри за утрешниот прв дуел во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Гнабри денеска воопшто не тренираше и нема да биде во комбинација за натпреварот што утре ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен.

Напаѓачот на Баерн имал болки во грлото и Флик објави дека нема да игра. Гнабри беше планиран како замена за повредениот Левандовски и требаше да игра како шпиц против ПСЖ, но сега актуелниот првак ќе мора да бара нова алтернатива.

Веројатно нападот на Баварцте ќе го предводи Чупо Мотинг, кој игра добро, а треба да го потврди квалитетот во двомеч што ќе биде реприза од ланското финале во ЛШ, кога Баерн со победа од 1:0 ја освои европската титула.

Во комбинација за утрешниот дуел кај домаќинот нема да бидат и Толисо, Коста и Мартинес, а и ПСЖ има проблеми, па сигурно нема да играат Икарди, Курзава, Верати, Паредес, Флоренци и Бернат.

 

 

- Оглас -

Најнови вести