Шампионот падна во Битола: Пелистер му се реваншира на МЗТ Скопје

Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, го доживеа првиот пораз во новата сезона откако вечерва загуби на гостувањето во Битола од Пелистер со 81-71. Ова е своевиден реванш на битолчани за поразот што го претрпеа во АБА-2 лигата со 91-78. Воедно денешната победа е прва за Пелистер во новата сезона откако во првите две кола изненадувачки загуби од Работнички и Гостивар.

Битолчани во текот на целиот меч диктираа темпо и имаа предност над противникот и на крајот сосема заслужено стигнаа до победата со двоцифрени 10 поени разлика. Бернар и Маслинко со по 21 поен беа најефикасни во победничкиот состав, воедно и воопшто на мечот. Во екипата на МЗТ Скопје најмногу поени уфрли Расел, 18.

На табелата првопласиран е Еуро Никел со максимални три победи, пред група од пет екипи кои имаат ефект од две победи и еден пораз, и тоа: МЗТ Скопје, Работнички, ТФТ, Чаир и Вардар.

 

- Оглас -

Најнови вести