Ривер плејт остана во игра и во мисијата да се одбрани титулата во Јужна Америка и со подобро изведување на пеналите го елиминира Крузеиро во Бело Хоризонте.
Во регуларниот дел од реваншот повторно немаше голови, а во осминафиналното дерби на Копа Либертадорес мрежите мируваа 3 часа и во Буенос Аирес и во Бело Хоризонте, па Ривер и Крузеиро мораа со удари од белата точка да одлучуваат кој ќе патува во четврт-финалето.
Гостите од Аргентина не утнаа ниту еднаш, а прецизни беа Дела Круз, Монтиел, Мартинес и Боре, па утнатите удари на Енрике и Давид кај Крузеиро донесоа ново разочарување кај бразилскиот клуб.
Ова е седма елиминација по ред на тимот од Бело Хоризонте против аргентински состав во Копа Либертадорес, а црната серија почна во 1997 година, со елиминација од Бока јуниорс и пораз во финалето.
Потоа повторно Бока ги елиминираше во четврт-финалето во 2008 година, па се редеа неуспеси против Естудијантес, Сан Лоренцо, Ривер, повторно Бока јуниорс и сега пак од Ривер.
🧐⚽ ¡La definición por penales completa!
👀 Así fue el triunfo de Club Atlético River Plate ante Cruzeiro Esporte Clube en Belo Horizonte.
🔥 Victoria 4-2 del equipo argentino para clasificarse a los cuartos de final de la #Libertadores pic.twitter.com/saM2dvyXoH
— CONMEBOL Libertadores (@Libertadores) July 31, 2019
Во четврт-финалето ќе игра и еквадорскиот ЛДУ Кито. На гостински терен избраниците на Пабло Репето го преживеаја предизвикот во Асунсион против Олимпија и ремизираа 1:1 во реваншот. Кито победи на првиот меч со 3:1, потоа и поведе ноќеска со 1:0 со голот на Хулио, но и издржа со двајца играчи помалку. Домаќините утнаа и пенал и немаа сили да приредат подвиг за четврт-финале.
🇪🇨 ¡Para volver a ver! Lo mejor de la clasificación de @LDU_Oficial a los cuartos de final de la #Libertadores tras empatar 1-1 ante @elClubOlimpia.
🏆 @FutbolSantander pic.twitter.com/A3qwVmh4G8
— CONMEBOL Libertadores (@Libertadores) July 31, 2019
Понатаму очекувано оди и лидерот во бразилскиот шампионат Палмеирас по убедливата победа од 4:0 против Годој Крус во реваншот, откако во Аргентина одиграа 2:2.
Сите голови во Сао Пауло „паднаа“ во второто полувреме, а прецизни беа Веига, Борха, Густаво и Дуду.
🇧🇷 ¡Goleada de @Palmeiras para ir directo a cuartos de final!@FutbolSantander pic.twitter.com/LpQaIPg52m
— CONMEBOL Libertadores (@Libertadores) July 31, 2019