Шампионот повторно одигра шампионски, победија и ТФТ и Куманово

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, и на вториот меч од четвртфиналната серија немаше милост за составот на Феникс, па после победата од 81-58, денес славеше со убедливи 87-55 за водство од 2-0.

По 2-0 во сериите имаат и ТФТ и Куманово, кои по вторпат славеа над Чаир, односно Кожув. Екипата од скопската населба Тафталиџе, тесно, со 72-66 го победи Чаир, додека Куманово беше убедлив и ги победи кавадарчани со 90-72.

Во последниот меч од четвртфиналето, утре, Работнички го пречекува Пелистер, додека веќе во среда на програмата се третите натпревари, кои ќе се играат на теренот на послабопласираните екипи од регуларниот дел.

- Оглас -

Најнови вести