Шампионот Сити доби нов капитен, а следната сезона ќе мора пак да бара нов

Винсент Компани со години беше симбол на Манчестер сити и вистински предводник на Граѓаните. Белгискиот дефанзивец ја носеше капитенската лента, а на крајот од минатата сезона со пехарот во раце, на најдобар можен начин си замина од клубот.

По заминувањето на Компани, јасно беше дека тренерот на Сити, Пеп Гвардиола треба да најде нов предводник на теренот. Капитенската лента му припадна на Давид Силва. Шпанскиот стратег најмногу верува на својот сонародник. Силва е играч кој на крајот од сезоната ќе си оди од Манчестер, па на најдобар можен начин, со капитенската лента да ја одигра последната сезона во клубот во кој е од 2010 година.

Во изминатве девет сезони Силва одигра 395 меча во кои даде 70 голови. Граѓаните во новата сезона, во првото коло ќе гостуваат кај Вест хем.

 

- Оглас -

Најнови вести