Шампионот Струга ТЛ го пречекува Шкупи, фаворитски улоги имаат Шкендија, Гостивар и Работнички (Фото)

Пет натпревари од 25-то коло во Првата фудбалска лига се играат денеска, со почеток од 15 часот, а се чини дека најинтересно треба да биде во Струга каде актуелниот шампионот Струга Трим Лум го пречекува Шкупи. Стружани сигурно се сеќаваат на изненадувачкиот пораз (0-3) од Шкупи на почетокот од сезоната, па ќе сакаат да се реваншираат.

Лидерот Шкендија е голем фаворит против Брера на домашен терен, а се очекува триумф и на Гостивар против Воска Спорт.

Работнички исто така е фаворит против Беса, овој дуел ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“, а во Кратово ќе ја следиме битката меѓу Силекс и Тиквеш.

Се разбира, сите пет натпревари од Првата лига се проследени и со квоти во Sport Life.

Во саботата, Вардар успеа да го победи Пелистер во вечното македонско дерби во Битола со 1-2.

Standings provided by Sofascore

- Оглас -

Најнови вести