Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум замина за Братислава, каде што утре ќе го одигра првиот натпревар против словачкиот шампион Слован во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Експедицијата на Струга ТЛ утрово од аеродромот во Охрид отпатува за Виена, од каде што ќе продолжи со автобус кон Братислава.
Стружани во овој трансфер-период го засилија тимот со деветмина нови фудбалери, па тренерот Ќатип Османи се надева дека може да го изненади фаворитот Слован на утрешниот натпревар.