27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Шампионот Струга ТЛ отпатува за Братислава на дуел против Слован во ЛШ (Фото)

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум замина за Братислава, каде што утре ќе го одигра првиот натпревар против словачкиот шампион Слован во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Експедицијата на Струга ТЛ утрово од аеродромот во Охрид отпатува за Виена, од каде што ќе продолжи со автобус кон Братислава.

Стружани во овој трансфер-период го засилија тимот со деветмина нови фудбалери, па тренерот Ќатип Османи се надева дека може да го изненади фаворитот Слован на утрешниот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести