Шампионот Струга ТЛ се засили со Сенегалецот Папе Фал

Струга Трим Лум продолжува со засилувањата, потпишувајќи договор со Папе Фал, 24-годишен лев бек кој доаѓа од Лиепаја. Сенегалецот Фал треба да ја засили левата странична позиција во тимот на Ќатип Османи.


Тој претходно играл за Валмиeра во Летонија и за АС Доуанес од Дакар во Сенегал.

Освен него, Струга ТЛ го потпиша и Хамза Меметриза, кој се приклучи од Башкими и ја зголеми конкуренцијата во навалната линија на тимот.

Струга ТЛ, како актуелен шампион, се надева на успешен пролетен дел од сезоната и ќе се труди да ја одбрани титулата.

- Оглас -

Најнови вести