Изминатиот викенд започна и новото првенството во Првата женска фудбалска лига на Македонија. Иако беше планирано да настапуваат 10 екипи, сепак првенството ќе се игра со една помалку откако тетовска Шкендија се откажа поради финансиски проблеми.
Во првото коло победи забележаа сите фаворити, па така бранителот на титулата, Љуботен, победи со 0-3 на гостувањето во Битола против новакот во лигата, Атлетико. Најубедлива победа на стартот од првенството забележа Каменица Саса, која победи со 8-0 на домашен терен против Речица, додека Тиверија во дербито на колото победи против Ас јунајтед во Струга со 1-3. На последниот меч, во локалната пресметка, Скопје го совлада Истатов со 4-0.
Резултати – 1. коло:
Атлетико – Љуботен 0-3
Каменица Саса – Речица 8-0
Ас јунајтед – Тиверија 1-3
Скопје – Истатов 4-0
Екипата на Топ гол беше слободна.