Шампионот на Франција, Лил избегна сигурен пораз во премиерното коло во новото првенство, а повторно јунак беше Бурак Јилмаз, човекот што е најзаслужен за ланската титула.
Турскиот репрезентативец погоди за реми 3:3 во 97. минута, а веднаш потоа судијата Вателие означи крај на мечот што беше драматичен и со неколку пресврти.
На „Сант Санфоријан“ почна како што посакуваа прваците, со водечки гол на Свен Ботман во 23. минута, но потоа се случи голем пресврт во режија на екипата што до денеска само еднаш успеа да го победи Лил во овој милениум.
Сентонзе и Удол со голови во 31. и во 41. минута направија пресврт за 2:1 за домашниот тим, а Сентонзе повторно беше стрелец во 52. минута.
Иако Мец водеше убедливо, драмата штотуку започна, по исклучувањето на Кујате во 56. минута. Гостите само 360 секунди подоцна постигнаа гол што беше поништен, по проверка со помошна ВАР системот.
Потоа Иконе беше прецизен за намалување на 3:2, но Мец и со играч помалку се држеше одлично се до последните моменти на мечот, кога Јилмаз беше прецизен за реми 3:3.
На вкупно 23 меѓусебни дуели во сите конкуренции Мец успеа само еднаш да го победи Лил во 21 век, а тоа се случи во 2016 година на истиот стадион, кога домаќините славеа со 3:2.