Милан продолжи со катастрофалните настапи и вечерва шампионот на Италија се посрамоти во Рим и загуби со 4:0 од Лацио во дербито на 19-тото коло во Серија А.
Одбраната на титулата сега е само сон за Росонерите, кои имаат 12 бода помалку од лидерот Наполи.
Лацио одигра феноменално и со головите на Милинковиќ-Савиќ, Закањи, Луис Акберто од пенал и на Фелипе Андерсон победи и сега е само на еден бод зад шампионот на делба на третата позиција со Интер и Рома.
Lazio [4] – 0 AC Milan
— zack💚 FAST GOALS (@GoalsZack) January 24, 2023
За Лацио ова е 31-ва победа во меѓусебните дуели со Милан, екипа која остана на 69 триумфи против ривалот од Рим.