Шампионска победа за Реал Мадрид на Ел Класико: Белингем со гол во 90+1 минута ја сруши Барселона (Видео)

Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2 во вечното Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“. Кралскиот клуб уште еднаш ја покажа големината, откако два пати беше во заостаток, а на крајот победи.

Кристенсен ја отвори серијата голови со погодок по само пет минути кога погоди со глава.

Реал Мадрид брзо возврати и тоа со гол од пенал преку Винисиус Јуниор, откако во шпеснаесетникот беше фаулиран Лукас Васкес.

Во првото полувреме имаше и една спорна ситуација кога Барселона бараше погодок за 2:1, но ВАР системот реши дека топката не поминала со целиот обем низ гол-линијата.

Во второто полувреме Барселона стигна до 2:1 со голот на Феран Лопес во 69 минута, но само три минути подоцна Васкес погоди за 2:2. Комплетниот пресврт на Реал се случи во 90+1 минута кога Џуд Белингам погоди за 3:2.

По овој триумф, Реал Мадрид сега има дури 11 бодови пред Барселона во шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести