Шампионска Португалија обедини четири европски круни

Фудбалска Португалија доминира на европско тло веќе три години. Откако четата на Фернандо Сантос во 2016 година се искачи на врвот за првпат во нивната историја, сè им тргна во нагорна линија.

Во 2018 година Португалците ја освоија и првата титула на Европското првенство во футсал, додека во јуни годинава фудбалската селекција ја освои и премиерната титула во Лигата на нации.

Вчера Португалците играа во финалето на ЕП во фудбал на плажа, каде што ја совладаа Русија со 4-2 и по шести пат ја освоија круната во овој спорт.

На тој начин ги обединија четирите титули на УЕФА во машка конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести