Макс Верстапен е победник на трката за Големата награда на Азербејџан. Холандскиот возач во текот на целиот викенд доминираше на патеката во Баку, затоа што и вчера во квалификациите имаше убедливо најбрзо време.
Денеска Верстапен рутински извозе, а голема помош имаше и во фактот дека најголемите ривали Пјастри, Норис, Леклер беа очајни во квалификации и многу задоцнија, па едноставно на трката не беа ни конкурентни да го загрозат актуелниот Ф1 шампион. Пјастри уште во првиот круг имаше судар во заштитната ограда и испадна.
Зад победникот Верстапен на крајот на патеката во Баку се пласираа Расел и Сајнц кои обезбедија место на пиедесталот.