27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Шампионската одбрана на МЗТ го натера ТФТ да не даде ни 50 поени

Првиот финален натпревар во кошаркарскиот плејоф на Македонија мина во знакот на очајната реализација на играчите на ТФТ, па МЗТ лесно со победа од 67-49 поведе со 1-0 во ова финале кое се игра во три добиени.

Вториот меч е в понеделник, повторно во „Јане Сандански“.

За ТФТ, кој е дебитант во финалињата, ова е прв пораз во годинешниот плејоф. Рацете како да им беа врзани, погодија 4 тројки (сите во прва четвртина) од 31 обид, а со таква реализација немаа шанса против актуелниот првак.

- Оглас -

Најнови вести