Шампионски гест: Ѓоковиќ ѝ помогна на постара жена која се мачеше со тешкиот куфер (Видео)

Додека џогираше во еден парк во Париз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ забележа една повозрасна жена како одвај го влече тешкиот куфер, па реши да ѝ помогне.

Новак го зеде куферот и го носеше до автобуска станица за да ѝ олесни на госпоѓата, иако на видеото не се гледа целиот трансфер на куферот. Ова му дојде и како добар тренинг.

Неговите фанови веруваат дека потегот не е од маркетиншки причини, туку чисто од срце, да се помогне. Како и да е, убав гест.

- Оглас -

Најнови вести