Шампионски хет-трик на Манчестер сити вреден за седма круна во Премиер лигата (ВИДЕО)

Манчестер сити по третпат едноподруго ја освојува титулата во Премиер лигата. Иако беше на работ од амбисот и имаше негатива од 0:2 против Астон Вила, тимот на Пеп Гвардиола на крајот славеше со 3:2.

Мати Кеш им донесе предност на гостите од 0:1 пред самиот крај на првиот дел (37), додека Фелипе Кутињо дополнително ги израдува навивачите на Ливерпул во 69-та  минута.

Сепак, Илкај Гундоган во 76-та минута и 81-та, како и во меѓувреме израмнувачкиот гол на Родри, беа доволни за нова, седма титула во Премиер лигата.

Ливерпул, пак, победи со 3:1 против Вулверхемптон, но тоа на крајот беше недоволно за титулата.

На крајот, Манчестер сити има 93 бода, додека тимот од Ливерпул заврши со еден помалку.

- Оглас -

Најнови вести