37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Шампионски потег: Верстапен во претпоследниот круг го помина Хамилтон и победи

Во драматична завршница, Макс Верстапен триумфираше на трката за големата награда на Франција во Формула 1 шампионатот. Со оваа победа, Верстапен се зацврсти на лидерското место во генералниот пласман со 131 бодови, пред Луис Хамилтон кој има 119, а потоа следуваат Перес со 84 и Норис со 76 бодови.

Верстапен беше на пол позицијата, но во првиот свиок направи кикс и Хамилтон го превзема водството. Британецот беше во водство во поголем дел од трката, но сепак не успеа да го издржи притисокот од Верстапен.

Возачот на Ред Бул направи одличен маневар и во претпоследниот, 52 клуг успеа да го помине Хамилтон и стигна до победа, потврдувајќи дека има шампионски амбиции. Возачите на Ферари имаа викенд за заборав затоа што не освоија бодови. Сајнц заврши на 11 место, а Леклер беше дури 16-ти.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози за Големата награда на Шпанија од 25 до 27 јуни .

- Оглас -

Најнови вести