Шампионскиот велигденски тикет е од Муртино, со уплата од 100 денари фати речиси 10.000 евра (Фото)

Резултатите на вчерашните фудбалски натпревари донесоа голема радост на југот и југоистокот од Македонија, тројца обложувачи имаа огромни добивки, а вложија само по 100 денари.

Велигденскиот обложувачки шампион е од струмичко Муртино. Во објект на Sport Life во ова населено место уплатени се 100 денари на тикет кој има бруто-добивка од 668.218 денари и погодена е вкупна квота дури од 6.682.

На тикетот се само пет меча на кои е прогнозирано дека тимови ќе даваат два или повеќе голови во прво полувреме.

На мечот Бартон – Бирмингам од третата англиска лига типувано е дека гостите ќе постигнат два гола во прво полувреме, а до 44-тата минута резултатот беше 0-0. За среќа на овој муртинец, Бирмингам даде два гола, и тоа во 44-тата минута и втората минута од судиското продолжение, па тикетот остана во игра, а вечерта немаше многу нервози, Нотингам форест само за 16 минути игра двапати ја тресеше мрежата на Тотенхем.

Одлична добивка од околу 2.000 евра со 100 денари уплата има и еден играч од Гевгелија.

На 12 меча од англиските лиги е прогнозирано дека ќе има 3+ голови, сите квоти се над 1.50, па фатен е и условот за понеделнички бонус од 10 проценти кој е пресметан во бруто-добивката која изнесува 140.044 денари.

Комбинација од конечен тип и „гол-гол“ во Sport Life во Богданци е исплатен тикет кој има бруто-добивка од 211.439 денари, а и тука уплатата е 100-ка.

Овој обложувач треба да им се заблагодари на ирскиот Корк сити и на уругвајскиот напаѓач Кристијан Стуани, кој игра за Жирона.

За да биде добитен тикетот, потребно беше Корк сити да победи и да прими гол против Ватерфорд, а до 89-тата беше 0-1. Домашните направија пресврт со гол од пенал во 89-тата минута и победнички гол во 95-тата минута.

Вечерта уште по прво полувреме беше јасно дека Бетис ќе победи и за добивка требаше само Жирона да даде гол, а Каталонците тоа го сторија во 85-тата минута, стрелец беше Стуани.

- Оглас -

Најнови вести