20.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Шампионско ливче со коефициент 42

6708 Црвена ѕвезда – Шериф Тираспол (21 ч)

Српскиот првак е голем фаворит против шампионот на Молдавија. Досега немаат играно меѓу себе, но реномето, традицијата, историјата, па и играчкиот кадар се најава дека Црвено-белите треба лесно да победат.

Дополнителен мотив за Ѕвезда треба да биде и фактот дека ако го помине Шериф, во следното коло може да се сретне со некогашниот голем ривал, Динамо Загреб.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.12)

 

6705 Клуж – Јанг бојс (20 ч.)

Двете екипи се во добра форма и ретко губат, што е најава за неизвесен меч. Клуж негува игра со добра одбрана, но сега сигурно ќе треба и да нападне и да ја искористи предноста на домашен терен.

Овие две екипи играа само пред 10 месеци, и тоа во групната фаза од Лигата на Европа, а тогаш Јанг бојс помина во нокаут-фазата, а Клуж испадна. Сепак, не треба да се заборави дека Клуж дома одигра 1:1, а на гости водеше со 1:0 до 92-рата минута за да прими два гола во судиското надополнување и на неверојатен начин загуби.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.76)

 

6704 Спарта Прага – Монако (19 ч.)

Гостите ја имаат фаворитската улога, но тоа треба да го потврдат на терен. Спарта во претходното коло ја елиминира Австрија Виена, а во првенството нареди две победи. За Монако ова ќе биде прв официјален меч во новата сезона.

Спарта на 18 од последните 20 меча што ги одигра имало барем по три погодоци, што е најава за интересен меч, на кој треба да има погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

6709 Олимпијакос – Лудогорец (21 ч.)

Грчкиот тим на двапати со победи од по 1:0 го елиминира Нефчи, додека Лудогорец немаше проблеми против Мура. Домаќините се фаворити за пласман во следната фаза, но и Лудогорец се стекна со европско искуство. Бугарите сигурно ќе одиграат претпазлив меч на кој не треба да очекуваме многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.13)

 

6707 ПСВ – Митјиланд (20 ч.)

Данскиот тим веќе направи едно големо изненадување со елиминацијата на Селтик, додека ПСВ покажа моќна игра и во двомечот со Галатасарај славеше со вкупни 7:2.

Холанѓаните се расположени за голови, па нема дилема дека домаќинот ќе се радува на теренот во Ајндховен, а сигурно ПСВ ќе се обиде да стекне и сигурна залиха за мирен реванш.

Предлог тип: 1+ I & 2+ II (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести