Шампионското дерби во Бразил ќе заврши со полни мрежи

Коринтијанс – Палмеираш (00:01ч – Бразил прва лига, 13-то коло)

Последните два шампиони на Бразил на полноќ ќе се сретнат во Сао Паоло како дерби од 13-тото коло. Гостите во пресрет на овој дуел доаѓаат во лоша форма, три првенствени меча не знаат за победа и го загубија чекорот со лидерот Сантош на врвот на табелата. Коринтијанс пак, е во турбулентна форма и застанува 13 бода зад лидерите.

Иако важи за дерби, натпреварите меѓу Коринтијанс и Палмеираш во изминативе неколку сезони се одлучуваат со еден гол. Средбата во ноември 2017 година која заврши во корист на Коринтијанс (3-2) беше последниот меч во кој се виде голеада. Токму затоа ноќеска треба да се разиграат и дастават крај на таа „досадна“ традиција и да го украсат мечот со полни мрежи.

Предлог тип: X2 & 2-5 (2.25)

 

Патронато – Бока јуниорс (01ч – Аргентина прва лига, второ коло)

Актуелниот јужноамерикански вицепрвак сезоната во домашниот шампионат ја стартуваше со реми без голови против Хуракан, што значи дека првите три бода ќе ги брка ноќеска на гости кај тимот на Патронато. Проблемот кај Бока е што голем дел од играчите се уморни по мечот кој го играа пред три дека во Копа Либертадорес, но тоа не треба да биде оправдување.

Во улога на фаворит, Бока ќе треба да ја одржи позитивата против домаќинот, бидејќи во претходните три меѓусебни средби забележаа две победи и едно реми. Во тие три меча немаше повеќе од два гола, што значи дека големи се шансите и сега да одиграат дуел со скромна ефикасност.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (2.40)

 

Ди-Си јунајтед – Филаделфија јунион (01:30ч – МЛС лига)

Искусниот Вејн Руни знае како треба да се игра против екипи кои имаат големи амбиции и целат на висок пласман, а токму таква екипа ноќеска му доаѓа на гости. Со 11 гола и седум асистенции Англичанецот е најефикасен играч на тимот од Вашингтон, што значи дека од него ќе доаѓа најголемата закана кон голот на Филаделфија.

Последен пат овие две екипи се сретнаа во раната фаза од Купот на САД пред околу два месеци, а Ди-Си славеше по изведување на пенали. Меѓутоа, Филаделфија има четири последователни триумфи во првенството од кои три се на гостински терен, така што нема да биде изненадување доколку ноќеска ги украдат трите бода.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

 

Сиетл саундерс – Спортинг Канзас сити (04ч – МЛС лига)

На домаќините не им оди во полза што неколку играчи недостасуваат во тимот поради повреди, но сепак се фаворити на хартија против гостите од Канзас. Со триумф Сиетл ќе избие на втората позиција на табелата во Западната конференција, додека Спортинг по секое коло се оддалечува од местата кои водат во разигрувањата.

Обично домашната екипа ги освојува трите бода во дуелите на овие две екипи, така барем покажува статистиката. Спортинг последен пат се радуваше на триумф во Вашингтон во март 2016 година, па јасно е зошто им се мали шансите за славје. Ако некоја статистика треба да се земе во предвид, тоа е дека  се постигнуваат по три гола во просек во последните неколку средби.

Предлог тип: 1X & 3-5 (2.55)

 

- Оглас -

Најнови вести