29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Шампионското престигнување на Ферстапен против Хамилтон не е најдоброто за 2021 година (Видео)

Макс Ферстапен за првпат во кариерата стана светски првак во Формула 1 шампионатот, и тоа во можеби највозбудливата сезона во историјата. На последната трка, во последниот круг, Ферстапен во директен дуел го престигна Луис Хамилтон и на тој начин стана светски првак, а Британецот остана со седум титули во кариерата.

Во сезоната која помина, беа одбрани најдобрите престигнувања во сезоната, а интересно е дека престигнувањето со кое Ферстапен стана светски првак не е на прво место. Пред тоа на Ферстапен, е престигнувањето на Ландо Норис, кој на трката во Монако успеа да го помине Шарл Леклер и да го освои второто место на трката. Токму на таа трка, возачите на Мекларен по долго време стигнаа до еден-два победа.

Најдобрите 10 престигнувања за сезоната 2021 година во шампионатот на Формула 1 може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести