Шемрок е ирската гордост, нема Англичани, а формиран е во иста година со Милан

Шемрок роверс е најуспешниот фудбалски клуб и гордост на Република Ирска. Детелините се формирани во далечната 1899 година, истата година како и нивниот вечерашен противник во квалификациите за Лигата на Европа, Милан, кој во Италија има 18 титули, една повеќе од Шемрок во Ирска.

Шемрок е тим кој 121 година настапува во дресови со традиционалните зелено-бели бои на Ирска, а во актуелниот состав немаат ниту еден Англичанец, со што потврдуваат дека се инаетчии и горди на ирското во себе. Од странци имаат само еден Германец, еден играч од Зеленортските Острови (Кејп Верде) и четворица од соседната Северна Ирска.

Во ирските медиуми многу повеќе се пишува за мечот на Шемрок со Милан отколку за продолжувањето на Обамејанг со Арсенал, велосипедската трка Тур де Франс или потенцијалните трансфери во Тотенхем кои беа главни вести деновиве на британскиот остров.

Сето ова ги натера во Милан најсериозно да го сфатат мечот на кој се големи фаворити и според квотите во Sport Life.
- Оглас -

Најнови вести