Мало финале за многу голови

Шангај СИПГ – Гвангжу Евргранде (14 часот)

Дербито на 13. коло во најсилната кинеска лига ќе биде многу интересно, а покрај битката за врвот на табелата, двете екипи ќе имаат многу други дополнителни мотиви за победа.

Шангај лани ја освои првата титула во клупската историја, а со тоа ја прекина страшната доминација на Гвангжу Евергранде од 7 шампионски круни по ред.

Предводени од бразилското дуо Оскар-Хулк избраниците на Витор Переира лани се радуваа на пехарот, по клучната победа од 5:4 на гостински терен против Гвангжу.

Имаат убава серија од три победи по ред против големиот ривал, а сите мечеви беа ефикасни со ГГ&3+.

Денеска ќе се обидеме со популарната игра 1-3&1-3.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.80) Квота на денот Sport Life

 

ТПС Турку – Муса (17.30 часот)

Клубот од Турку има многу поголемо реноме од денешниот ривал и е апсолутен фаворит за победа. Турун Палосеура, или многу попознат како ТПС е кандидат за враќање во најсилната финска фудбалска лига, а за да се оствари целта мора да се победуваат аутсајдерите.

ТПС има четири победи на последните пет натпревари, додека гостинот е во сосема спротивен тренд со 4 порази на последните пет меча.

Во Турку пред 6-7 години се играа европски мечеви, ТПС низ историјата има победи против Интер Милано, Сион, Серкл Бриж… што потврдува дека има многу солидно реноме во финскиот фудбал и амбиции повторно да игра во популарната Веикауслига.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.25) Квота на денот Sport Life

 

Италија У-20 – Еквадор У-20 (20.30 часот)

Ова е меч за трето место на популарното Мундијалито, а двете селекции веќе играа меѓусебе во фазата по групи и победи Италија со 1:0.

Популарните „аѕури“ повторно се фаворити и можат до бронзата што веќе ја освоија во 2017 година. Имаат солиден состав и можеби и беа оштетени во полуфиналето против Украина кога им беше поништен гол за продолженија во последните моменти од регуларниот дел.

И Еквадор испадна во полуфиналето со пораз од 0:1, во дуелот со Јужна Кореа, но секако ќе го запишат најголемиот успех во оваа категорија. Досега најголем дострел им беше пласман во втората фаза на Светските првенства за играчи до 20 години.

Еквадор е актуелен првак на Јужна Америка за фудбалери до 20 години, има квалитетен ростер и ќе и зададе многу мака на Италија. Во вакви мечеви кога се игра малото финале, честопати се игра порелаксирано и со доста голови, па ќе се обидеме со играта ГГ&3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.05)

 

Сент Патрикс – Фин Харпс (20.45 часот)

Домашната екипа има шанса за настап во квалификациите за Европа Лигата, но за да се продолжи битката за Европа денеска мора да се победи фенерџијата Фин Харпс.

Проблемот за Сент Патс е што имаат три меча без победа, но и убава шанса да се прекине црната серија против ривал што нанижа четири порази по ред.

Фин Харпс досега во 21 меч прими дури 48 гола, најмногу во првата ирска лига. И имаат лош биланс кога гостуваат на „Ричмонд парк“ во Даблин со 11 порази од 16 дуели со Сент Патрикс.

Домаќините се апсолутни фаворити и типуваме дека ќе ја искористат мизерната форма на Фин Харпс.

Предлог тип: 1Х&3-5 гола (2.35) Квота на денот Sport Life

 

Англија жени – Аргентина жени (21 часот)

Англија е фаворит за првото место во Д групата на женскиот фудбалски Мундијал, но тешко и одеше со лутиот ривал Шкотска во првото коло. Со многу мака победија со 2:1, а денеска ќе се обидат да ја забележат и втората победа на турнирот.

Аргентина приреди првокласна сензација со реми без голови против големиот фаворит и светски првак од 2011 година Јапонија, но прашање е дали може до нов подвиг во меч од фазата по групи.

Англичанките имаат подобар тим, на претходниот шампионат го освоија бронзениот медал, па ќе ја имаат улогата на апсолутен фаворит. Мечот ќе има и дополнителен интензитет, поради големиот ривалитет на двете земји на сите полиња, па и во фудбалот, по војната за Фолкландските острови.

Предлог тип: 1-3 гола (1.76)

 

- Оглас -

Најнови вести