23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Шанса за Елмас и Лајпиц, Милионерите освоија само бод против Волфсбург (Видео)

Борусија Дортмунд одигра само 1:1 на гостувањето кај Волфсбург во 22-тото коло во Бундеслигата и остана на четвртото место на табелата.

Милионерите сега имаат 41 бод, додека петтиот Ред Бул Лајпциг чиј дрес во јануари го „задолжи“ македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има четири бода помалку и својот натпревар од ова коло против Борусија Менхенгладбах ќе го игра од 18.30 часот.

Борусија поведе со голот на Никлас Фулкруг на стартот од мечот, во осмата минута, а Волфсбург израмни во 63-та минута.

 

Штутгарт благодарение на победата од 1:2 на гостувањето кај Дармштад сега има пет бода предност пред Борусија на табелата. Првиот гол го постигна Гираси во 14-та минута, а во последните моменти од мечот победата ја завери Дахуд. Пред последниот свиреж на судијата, Дармштад постигна гол за 1:2.

Мајнц пред своите гледачи дојде до минимална победа над Аургбург со голот на Ван ден Берг. Минимален триумф, но на гости оствари Унион Берлин и тоа против Хофенхајм.

- Оглас -

Најнови вести