Шанса за Македонија е голманот на Романија – Нема примено гол 270 минути, но ќе дебитира на меч за бодови на 33 години

Флорин Ница ќе дебитира на 33-годишна возраст за Романија во меч за бодови, утре против Македонија во Букурешт, објавија романските медиуми.

Голманот на Спарта Прага нема примено гол во чешкото првенство на последните три меча, или нешто над 270 минути, но сепак е дебитант на меч што е важен, а утре од 20.45 часот во Букурешт ќе се игра за важни бодови во квалификациите за Мундијалот во Катар.

По повлекувањето на Сипријан Татарашану, Романците имаат две алтернативи, да брани ветаранот без искуство во интернационалните мечеви, каков што е Ница, или на голот против Македонија да биде младиот Андреј Раду, кој е голман на Интер, позајмен на Парма.

Според романските медиуми Ница има предност пред 10 години помладиот Раду, кој не брани за Парма и е трет голман на калчолигашот.

Флорин има два настапи за Романија, а и двата меча беа пријателски. Дебитираше против Турција во 2017 година, кога влезе во игра како замена во 70. минута, а потоа бранеше и цел меч, повторно пријателски против Израел следната година.

Утре од 20.45 часот на националната арена во Букурешт, стадион што ќе ни биде дом на двата меча од Европското првенство против Австрија и Украина, Македонија ќе го почне квалификацискиот циклус за пласман на Мундијалот во Катар, што ќе се игра идната година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести