Ако сакате добивка, типувајте на ПАОК и Тотенхем

Евертон – Тотенхем (Фудбал, Англија, 17.30 часот)

Двата тима ќе бидат некомплетни, имаат повредени и суспендирани играчи, но сепак гостите се тие кои имаат поголем фонд на квалитетни фудбалери и кај нив не би требало толку да се почувствуваат отсуствата. Тотенхем е благ фаворит, па затоа се одлучивме да типуваме двојка, иако веројатно нема да погрешите ниту ако играте на голови на двете страни. Лани „петлите“ го победија Евертон со 6-2, па и ГГ со 3+ би бил реален исход.

Предлог тип: 2 (2.55)

 

Милан – Лацио (Фудбал, Италија, 20.45 часот)

Новиот тренер на Милан, Пиоли, во душа ги познава фудбалерите на Лацио, бидејќи ги носеше во клубот и ги тренираше, и тоа е голем плус за „росонерите“, покрај домашниот терен. Лацио се консолидираше во последно време, прикажува подобри игри, а Милан и понатаму е променлив и се мачи, па затоа римските „орли“ потајно се надеваат дека после 30 години, конечно ќе добијат еден лигашки меч на „Сан Сиро“.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

 

Сент Етјен – Монако (Фудбал, Франција, 21.00 часот)

Монако со четири победи на последните пет меча, покажа дека има некаков квалитет и не е тим кој треба грчевито да се бори за опстанок. На гости, Монако доби само еден од последните 10 дуели, а од друга страна, „светците“ имаат одлична традиција на свој терен против „кнезовите“, од кои загубиле само еднаш на последните десет соочувања. Можеби со реми би биле задоволни и двете страни.

Предлог тип: Х (3.40)

 

ПАОК – Панатинаикос (Фудбал, Грција, 19.00 часот)

Грчкиот првак ПАОК, повторно има добра сезона, па затоа гостувањето на „зелените детелинки“ во Солун доаѓа во незгоден момент за атињаните. Панатинаикос се мачи, се наоѓа дури на 11-тото место, тешко дека ќе ги израдува фановите. ПАОК на десет лигашки мечеви по ред дава барем два гола, а и во дуелите со Панатинаикос редовно погодува најмалку двапати, па нема зошто да не продолжи тој тренд.

Предлог тип: Т1 2+ (1.50)

 

Гранада – Реал Сосиедад (Фудбал, Шпанија, 21.00 часот)

Ова е дуел на две пријатни изненадувања во шпанската лига. Гранада со победа би избила на прво место, а Сосиедад со победа би се изедначил со Барса и Реал кои имаат и еден меч помалку. Двата тима имаат кадровски проблеми, а после поразите во минатото коло, ќе сакаат да се извадат. Традицијата е на страна на гостите. Тимот од Сан Себастијан има серија од четири победи по ред против екипата од Андалузија, но овојпат Гранада можеби ќе остане непоразена.

Предлог тип: 1Х (1.50)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Аталанта – Калјари 1 & 2-4 (2.22)

Евертон – Тотенхем 1+& 3+ (1.92)

Порто – Авес 1-1 & 4+ (2.55)

- Оглас -

Најнови вести