Шанса за Столе со сува мрежа да дебитира за Валенсија во Ла Лига

1801 Фрајбург – Волфсбург (20.30 часот)

Волфсбург е во одлична форма, има серија од четири победи по ред во Бундеслигата, но и Фрајбург има еднаков број бодови како нив, и еднаков број победи, порази и ремија. Волфсбург е тим со многу повеќе постигнати, но и повеќе примени голови од домаќинот. Фрајбург во првите осум кола сезонава немаше ниеден нерешен резултат, а сега во последните пет кола ремизираше дури трипати и вечерва не би било изненадување ако нема победник. Волфсбург речиси два месеца нема пораз, а Фрајбург уште од септември не загубил дома.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.95)

 

3011 Пиза – Бари (20.30 часот)

Пиза е втора, а Бари четврти на табелата во Серија Б во Италија, па ова може да се смета и за дерби на колото. Но, Пиза има десет бода повеќе од Бари и многу поефикасен напад. Бари има девет ремија во 16 кола, а Пиза има 10 победи. Последниот пораз на Бари беше речиси пред четири месеца, на 23 август. Пиза е благ фаворит за победа, но и традицијата е против нив, дома не го победиле Бари цели 33 години.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.94)

 

3001 Емполи – Торино (20.45 часот)

Во минатото коло, Емполи победи со 4-1 на гости кај Верона, додека Торино во претходните две кола не успеа да постигне гол. Биковите од Торино одамна не победиле, последниот триумф им е на 25 октомври, а на гости не победиле од крајот на септември. Последен пат овие два тима се сретнаа во Купот на 24 септември, тогаш во Торино, и Емполи победи со 2-1. Последните четири меѓусебни дуела на овие екипи во Емполи биле ефикасни барем со четири гола.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.40)

 

1301 Валјадолид – Валенсија (21.00 часот)

Конечно дојде денот кога Столе Димитриевски првпат ќе брани за Валенсија во Ла Лига. Мамардашвили е повреден, па Македонецот ќе стои на голот на Лилјаците, и тоа против најслабиот и најнеефикасен тим во лигата, што е добра прилика да остане несовладан. Валенсија е претпоследна на табелата и ако не победи ни вечерва, би било неуспех за нив. Валенсија не победила на гости уште од април, а традицијата на меѓусебните дуели најавува меч без многу голови.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.02)

 

1012 Дерби каунти – Портсмут (21.00 часот)

Дуел на два тима кои се со приближно ист квалитет, со тоа што Помпеите се во подобра форма периодов и бегаат од дното во англискиот Чемпионшип. Дерби има четири бода повеќе, но Портсмут има и одиграно два меча помалку. Портсмут има серија од четири меча без пораз, додека Дерби не победил уште од 6-ти ноември. Портсмут 22 години не победил на гости кај Дерби, а претходните две нивни соочувања на стадионот на Дерби, завршувале со берешен резултат 1-1.

Предлог тип: ГГ (1.96)

- Оглас -

Најнови вести