Сите оние кои уште не ги испратиле своите типови за петото коло од третата сезона на Спортска прогноза може да го направат бесплатно до 18 часот денеска на линкот на Sport Life. Играта која добива се поголема популарност, може да ви донесе и освојување на Ајфон 11. Мобилниот телефон е главна премија во секое коло, а за да се стигне до него, потребно е да имате Среќна 13-ка.
Што значи тоа Среќна 13-ка? Тоа значи дека треба да ги имате погодено фиксовите на сите 13 натпревари кои се дел од понудата за ова коло и автоматски Ајфонот 11 ќе биде ваш. Доколку имате 12 или 11 погодени, освојуате вредносни ваучери од Sport Life од по 1.000, односно 500 денари.
Викендов има дури 12 меча кои се дел од репрезентативните дуели од Лигата на Нации. Како еден од најсигурните мечеви е тој меѓу Естонија и Македонија. Неверојатно, но речиси 90 отсто очекуваат победа на Македонија, а останатите се за нерешено. Под 1 отсто се шансите што прогнозерите ги даваат дека Естонија може да ја победи Македонија.
Слично е и на дуелот Украина – Германија, додека Франција е фаворит за победа над Португалија во дуелот на актуелниот светскиот првак против европскиот владетел. Англија игра дома, но не е фаворит против Белгија.
Сите понудени мечеви за прогнозирање во ова коло може да ги видите и да го направите вашиот избор до почетокот на првиот натпревар меѓу Фарски Острови и Летонија во 18 часот.