Шансите на Македонија да игра бараж за СП 2026 се дури 97,9 проценти!

Македонија е речиси сигурен учесник во баражите за пласман на Светското првенство во фудбал кое ќе се игра следната година. Компјутерски е пресметано дека шансите на македонскиот тим за место во баражот се дури 97,9 отсто.

Над 90 проценти имаат уште Романија и Северна Ирска, исто како и нас, преку Лигата на нации.

Македонија би била во четвртиот шешир и би играла полуфинале со некој од првиот, а во моментов таму се Италија, Турција, Украина и Велс. Полуфиналето би го играле на гости, исто како за СП 2022 кога ја шокиравме Италија во Палермо. А, и сега Италија е најверојатниот наш ривал, доколку Аѕурите не обезбедат пласман на Мундијалот прелку квалификациите во кои почнаа катастрофално.

И Украина – Македонија е едно од десетте најверојатни полуфиналиња според ситуацијата која е во моментов.

Инаку, на Македонија не ѝ се даваат големи шанси за својување на првото место и директен пласман на СП. Компјутерските симулации покажале само 2 отсто шанси за Македонија, а фаворит е Белгија со 84,5 проценти.

- Оглас -

Најнови вести