21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Шансите на Партизан за победа во мајсторката со Реал Мадрид нагло се зголемија!

Кошаркарите на Реал Мадрид и на Партизан в среда ќе играат во одлучувачкиот петти меч, кој треба да го даде патникот на кошаркарскиот фајнлфор-турнир во Жалгирис. Партизан победи на првите два меча кои се играа во Мадрид, а потоа Реал возврати со два брејка на теренот во Белград, па битката е израмнета на 2:2.

Решавачкиот дуел ќе се игра во Мадрид, што значи дека Реал ќе ја има предноста на домашниот терен, но во редовите на Партизан ќе се врати Кевин Пантер, кој беше суспендиран на последните два меча поради тепачката што се случи на дуелот во Мадрид.

За разлика од Партизан, кај Реал повторно ќе го нема суспендираниот Гершон Јабуселе, но Кралевите ќе бидат и без Габриел Дек. Еден од најдобрите кошаркари на Реал ги скина вкрстените лигаменти на коленото и за него сезоната е завршена.

Пред крајот на дуелот во Белград, Аргентинецот беше во борба за една топка кога му настрада коленото. Во четирите меча против Партизан, Дек беше втор најдобар стрелец на Реал со просек од 15,3 поени по меч.

https://twitter.com/i/status/1654463702790275075

 

- Оглас -

Најнови вести