Јаспер Силесен беше прв голман на Барселона во натпреварите од Копа дел Реј, а така ќе биде и во финалето во сабота, во Валенсија, иако Каталонците имаа поинакви планови.
Прв голман во мечот за пехарот во шпанскиот куп требаше да биде Марк-Андре тер Штеген, кој е прв избор на Ернесто Валверде, но тој е повреден и нема да биде на голот на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја, во сабота од 21 часот.
Проблем за еден од најдобрите голмани на светот е повредата на коленото на десната нога, а од Барселона објавија дека германскиот репрезентативец сигурно ќе го пропушти финалето против Валенсија.