Шаповалов џабе бараше Надал да биде казнет, а потоа на судијата му порача: Сите вие сте корумпирани (Видео)

Денис Шаповалов е елиминиран во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако по голема броба во меч кој траеше повеќе од четири часа, со 2:3 во сетови загуби од Рафаел Надал.

Шаповалов по мечот беше многу разочаран, а во текот на дуелот негодуваше дека главниот судија премногу му дозволува на Надал да има време да се подготви пред почеток на поенот.

Канадскиот тенисер во еден момент го загуби трпението и побара од судијата да му додели казна на Надал поради премногу бавно подготвување за почеток на поен. Во тенисот е дозволено 25 секунди за тенисерот да се подготви пред да сервира, Шаповалов реагираше дека на Надал му треба двојно повеќе од тоа.

„Сигурно пред 45 секунди тргнавте да го мерите времето и тој уште не е подготовен. Па казнете го“, реагираше Шаповалов, а откако виде дека неговите реакции се залудни, дофрли кон судијата: „Сите вие сте корумпирани“.

https://twitter.com/i/status/1485829210631454731

Во следниот гем, Шаповалов буквално зјапаше во судијата додека Надал се подготвуваше, а потоа шпанскиот тенисер реши да ги смири страстите и го повика противникот на мрежа да се поздрават и да продолжи мечот без тензија.

- Оглас -

Најнови вести