Шаповалов се расплаче по поразот, а потоа откри што направи Ѓоковиќ по мечот

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, седми пат во неговата кариера, откако вечерва со 3:0 во сетови го победи Денис Шаповалов. За Шаполавов ова беше прво учество во полуфинале на Вимблдон, а по поразот, со солзи во очите си замина од теренот.

Подоцна, Шаповалов откри дека Ѓоковиќ го посетил во соблекувалната по мечот.

„Новак дојде кај мене во соблекувална. Ми рече дека знае колку ми е тешко, но дека ќе дојде и моето време. Не мораше да дојде кај мене во соблекувална, но тоа беше толку убав потег од него“, откри Шаповалов, кој потоа додаде дека прв пат почувствувал дека може да биде подобар од Ноле. „Ова беше вистинска борба. Во некои делови од мечот почувствував дека сум подобар од Новак, никогаш претходно тоа го немав осетено. Знаев дека можам да се борам за титулата и затоа бев многу тажен по мечот“, додаде 22-годишниот Шаповалов.

 

- Оглас -

Најнови вести