Шаркиќ го живее сонот – Дебитираше пред 258 гледачи, сега може да брани на „Вембли“

Матија Шаркиќ го живее сонот, а ако брани утре на „Вембли“ за Црна Гора против Англија, ќе доживее невидена трансформација.

Од деби за Стратфорд, пред една година, и тоа само пред 258 гледачи на шестолигашки меч, до настап на „Вембли“, секако, ако ја добие довербата од селекторот Фарук Хаџибегиќ.

Ова е прва покана за Шаркиќ да биде во составот на црногорската репрезентација, а Англичаните одлично го познаваат младиот голман, кој е роден во Гримзби, Англија.

Матија е многу талентиран и најави дека ќе биде добар голман во Академијата на Андерлехт, а потоа се пресели во редовите на премиерлигашот Астон вила.

За да брани и да се кали, беше позајмен во Виган, па во Стратфорд, во Хавант и потоа во Ливингстон, за кого бранеше на шест меча и веднаш доби повик за да биде дел од селекцијата на Црна Гора.

Капацитетот на „Вембли“ е 90.000 места и кога игра Англија, речиси секогаш е полн стадионот, па Шаркиќ очекува чудо и утре, од 20.45 часот да му се оствари сонот со настап на храмот на фудбалот во прекрасен амбиент.

 

 

- Оглас -

Најнови вести