Ѕвездениот тим од Лос Анџелес се распадна, Воините ќе ги декласираат

8385 Шарлот хорнетс – Орландо меџик (НБА, 01 часот)

Шарлот речиси сигурно ќе биде на 10-тото место во Источната конференција и ќе игра плејоф во првата фаза на разигрување на четирите екипи од седмото до десеттото место.

Орландо немаше магија сезонава и како што стојат работите, на три меча до регуларниот дел на НБА-лигата ќе бидат последни во истата Конференција.

Мечот на некој начин ќе има ревијален карактер, а кога е така, во НБА не се игра одбрана, па може да има многу поени.

Меџик го имаат најслабиот напад во Источната конференција, па сега имаат шанса во меч без императив да го подобрат ефектот.

Шарлот на последните два меча против Филаделфија и Мајами прими неверојатни 288 поени, или точно по 144.

Предлог тип: >229.5 поени (1.94)

 

8389 Њу Орлеанс пеликанс – Портланд трејлбејзерс (НБА, 02 часот)

Њу Орлеанс веќе се подготвува за Плејин-турнирот што ќе се игра од 12 до 15 април за влез во плејофот, а Портланд ќе нема таква можност во сезона што ќе сакаат што побрзо да ја заборават.

Трејлблејзерс имаа многу проблеми со повреди на играчите, а и ноќеска главните адути, Лилард, Нуркиќ, Симонс и уште седуммина кошаркари нема да играат.

Њу Орлеанс веројатно ќе го одмори Валанчиунас, а можно е уште неколку кошаркари од стартната постава да не играат.

За двете екипи ова е ревијален меч, па може да се одигра на ниската граница на поени за Портланд што е во понудата на Sport Life и изнесува 103,5 поени.

Тоа е достижно за гостите и типуваме дека ќе постигнат повеќе од 103 поени.

Предлог тип: Т2>103.5 поени (1.91)

 

8393 Минесота тимбервулфс – Сан Антонио спарс (НБА, 02 часот)

Минесота сè уште верува во чудо и во директен пласман во осминафиналето во плејофот, но за тоа им треба голем подвиг и две победи до крајот на регуларниот дел и два порази на Денвер.

Волците моментно се на седмата позиција, а првите шест екипи се сигурни за плејофот.

Минесота има биланс од 45 победи и 35 порази и го брка шестото место на Денвер, кој има ефект 47-33, но и полош меѓусебен биланс со Тимбервулфс.

Сан Антонио ја постигна целта и е десетти, па ќе разигрува со екипите од седмото до 10-место во популарниот Плеј-ин турнир за позиција во плејофот.

Гостите пак ќе играат без најдобриот стрелец Дежонти Мареј и ноќеска ќе загубат од Минесота.

Предлог тип: 1 (1.30)

 

8394 Денвер нагетс – Мемфис гризлис (НБА, 02 часот)

Со победа против Мемфис, Никола Јокиќ и соиграчите ќе ги разрешат сите дилеми за настап во плејофот, а ќе можат и да атакуваат на петтото место во Западната конференција што моментно го држи Јута џез.

На Нагетс им треба една победа во последните два меча против Мемфис и Лос Анџелес лејкерс за да бидат сигурни дека ќе играат во плејофот за титулата.

Никола Јокиќ и соиграчите првата меч-топка ја имаат ноќеска на свој терен против Мемфис.

Гостите се сигурни на втората позиција во Западната конференција, не можат да бидат први, ниту да го загубат второто место, па за нив ова е ревијален меч како подготовка за плејофот.

Предлог тип: 1 (1.59)

 

8395 Голден стејт вориорс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 04 часот)

Голден стејт вориорс го брани третото место и има идеален противник за успех. Лос Анџелес лејкерс доживеа голем неуспех, еден од најголемите во историјата на клубот и нема да игра во плејофот.

Ноќеска во тимот ќе ги нема Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук, што е најава за убедлив пораз.

Гостите ќе бидат немотивирани, ситуацијата е хаотична и неизвесно е како 17-кратниот НБА-првак ќе продолжи во идната сезона.

И кај Воините ќе недостасува главната ѕвезда Стефон Кари, но тие имаат голем мотив за победа и во моментов и подобар тим на располагање и многу подобра атмосфера, па ќе слават убедливо против тимот од Лос Анџелес.

Предлог тип: 1 со хендикеп од 12.5 поени (1.93)

- Оглас -

Најнови вести