Шарлот го изненади Бостон, Јута загуби од Филаделфија (Видео)

На НБА-паркетите ноќеска се одиграа пет натпревари, а Бостон селтикс доживеа неочекуван пораз на домашен терен од Шарлот хорнетс со убедливи 89-118, што е нивен 21-ви неуспех сезонава.

Во редовите на победничкиот тим најрасположен беше Кнупеј со 20 поени, додека Бол и Милер придонесоа со по 18.

Кај Бостон се истакна Вајт со 29 поени, а Браун додаде уште 20.

Во еден од поинтересните натпревари вечерта, Јута џез претрпе тесен пораз од Филаделфија со 106-102.

Макси беше најдобар кај Филаделфија со 25 поени, додека во редовите на Јута се издвои Џорџ со 30 постигнати кошеви.

Останати резултати: Њујорк – Оклахома сити 100-103, Мемфис – Портланд 114-122, Милвоки – Атланта 113-131, ЛА клиперс – Индијана 130-107.

- Оглас -

Најнови вести