Шарлот скапо ја плати победата над Детроит, Брадата го утна шутот за победа на Филаделфија (Видео)

Кошаркарите на Шарлот хорнетс ја остварија петтата победа по ред во НБА-лигата, откако утринава со 117:106 го победија најслабиот тим во Источната конференција, Детроит пистонс.

Но, Шарлот скапо ја плати победата бидејќи повреда доживеа еден од најдобрите кошаркари во тимот, Ламело Бол. Тој во третата четвртина, при еден дриблинг, заработи повреда на зглобот.

Лекарските прегледи по натпреварот покажаа дека станува збор за фрактура на десниот зглоб која неколку недели би го оддалечила од теренот. До тој момент, Ламело Бол постигна 18 поени. Тери Розиер беше најефикасен со 22 поени, а Гордон Хејворд постигна 19. Најдобри кај Детроит беа Џејмс Вајсмен и Хамиду Диало со по 23 постигнати поени.

Во дербито на вечерта, Мајами хит со 101:99 ја совлада Филаделфија, која преку Џејмс Харден го имаше шутот за победа. Но, популарната Брада не успеа да го погоди шутот за три поени и неговиот тим втора вечер по ред губи.

Претходно, на осум секунди до крајот, Џими Батлер при резултат 100:99 за Мајами, погоди само едно слободно фрлање. Токму Батлер со 23 поени и 11 скокови и 9 асистенции беше најдобар во редовите на Мајами, додека кај Филаделфија се истакнаа Џоел Ембид со 27 поени и 12 скока, Тајрис Макси со 23 поени и Џејмс Харден со 20 поени и 12 асистенции.

Имануел Квикли и Џулиус Рендл со по 23 постигнати поени го предводеа Њујорк никс во победата над најдобриот тим во Источната конференција, Бостон селтикс.

Резултати: Шарлот – Детроит 117:106, Филаделфија – Мајами 99:101, Њујорк – Бостон 109:94, Њу Орлеанс 93:101.

- Оглас -

Најнови вести