Кошаркарите на Шарлот постигнаа 150 поени на гостински терен и победија со 95-150 над Јута. Победникот беше решен уште по првата четвртина, која заврши со неверојатни 14-45 во корист на гостите, а домашните не успеаја да добијат ниту еден период. На полувремето резултатот беше 38-77.
ЛА Клиперс како гости успеаја да ја победат најдобрата екипа во Источната конференција, Детроит, која беше ослабена со неиграњето на четворица кошаркари. Сепак, домашните на моменти имаа и водство од +19 поени, а предноста ја имаа и се до самиот финиш (92-90), но Клиперси со серија од 0-8 дојдоа до комплетен пресврт и триумф од 92-98.
Резултати:
Индијана – Мајами 123-99
Детроит – ЛА Клиперс 92-98
Бостон – Сан Антонио 95-100
Чикаго – Далас 125-107
Јута – Шарлот 95-150

