Шауб: Мејведер – Насукава беше многу лоша глума

Американскиот боксер Флојд Мејведер само за две минути заработи 9 милиони долари откако пред 37.000 гледачи во Саитама го разби младиот јапонски кикбоксер Теншин Насукава. Легендата на светскиот бокс трипати го испрати 20-годишниот Јапонец на под, а по третиот нокдаун, се фрли пешкирот и дојде крајот на бокс-мечот.

Некогашниот борец Брендан Шауб е уверен дека овој меч бил наместен.

„Флојд е најголемиот бизнисмен во светот на боречките спортови, но од ова подобро глумење сум видел и во порно филмови. На Теншин му требаат лекции по актерство, како да прими удар, како да падне. Дури ни кадарот во којшто тој плаче, не беше добар. Сè беше лажно, но кому му е грижа за тоа? Си заработи 9 милиони долари“, рече Шауб.

Дуелот во Саитама беше егзибициски, па овој резултат нема да им биде официјално запишан на двајцата непоразени во своите спортови.

- Оглас -

Најнови вести