Шченсни: Барса ми понуди нов двегодишен договор, но одлуките во нашето семејство ги носи сопругата

Војќех Шченсни откри дека добил понуда од Барселона да потпише нов двегодишен договор со клубот. Триесет и четиригодишниот полски голман, сепак, не донел конечна одлука и ќе разговара со својата сопруга пред да го изнесе својот став во клубот.


Како што е познато, Шченсни планирал да ја заврши кариерата по заминувањето од Јувентус, но Барселона се обрати кон него по повредата на Марк-Андре тер Штеген, што ги промени плановите на Полјакот.

„Не го кријам фактот дека ми понудија двегодишно продолжување на договорот, но треба да разговарам со семејството и да донесам заедничка одлука за тоа што е најдобро за нас. Мислам дека му должам на семејството, на мојата сопруга, да ги донесеме тие одлуки заедно, па затоа уште не сум одговорил. Повеќето одлуки во нашиот дом ги носи мојата сопруга и не се срамам од тоа. Фудбалските одлуки ги носам јас, но ова е многу необична ситуација бидејќи решивме да дојдеме тука за една година, да ги оствариме нашите соништа, а потоа да се вратиме на играњето голф. Ќе одлучам во следните неколку недели. Постојат и логистички аспекти, поврзани со образованието на децата, преселбата и слично. Засега уживам во она што се случува и не се прашувам дали ќе останам тука или не“, изјави Шченсни, кој има 23 победи, четири ремија и два порази со екипата на Барселона оваа сезона и 13 чисти мрежи.

- Оглас -

Најнови вести