Шчепановиќ е сменет, Филиповски чека промоција во Партизан

Владо Шчепановиќ е разрешен од позицијата прв тренер на Партизан, објавија српските медиуми и сега отворен е патот за Македонецот Сашо Филиповски, кој е топ-кандидат за нов кормилар на гигантот.

Смената беше очекувана, особено по поразот на Партизан од Бурж во Еврокупот на домашен терен. Од Партизан обавија дека Миливоје Лазиќ, кој му беше помошник на Шќепановиќ, ќе ја предводи екипата од клупа на следниот меч против Игокеа во АБА-лигата, а потоа се очекува промоција на нов тренер, најверојатно на Сашо Филиповски.

Последен ангажман на Филиповски, кој е Македонец роден во Словенија, беше во францускиот прволигаш Монако, а има одлична кариера како тренер.

Беше и кормилар на познати европски клубови од калибарот на Олимпија, Зјелна Гора, Банвит, Туров, Локомотив Ростов, Лотоматика Рома…

 

- Оглас -

Најнови вести