Пеналот кој Војќех Шченсни му го одбрани на Лионел Меси е главниот потег на вечерта на СП во Катар по првото полувреме на двата меча кои почнаа од 20 часот.
Статистиката покажува дека полскиот голман во првото полувреме против Аргентина имаше дури седум одбрани и тој е најзаслужен што Гаучосите не водат барем со 1-0. Најспектакуларна одбрана му беше фатениот пенал што го шутна Меси.
Меси со утката влезе во негативната историја на Аргентина. Тој е единствен Аргентинец со два нереализирани пенали (не се сметаат пенали во пенал-серии, туку само во текот на меч од 90 или 120 минути) на Мундијалите, има само еден гол од три изведени пенали на светските првенства, а му се придружи на Асамоа Гијан од Гана и сега се дует кој единствен утнал два пенали.