Шченсни се шегува на своја сметка околу пензијата: „Па и не е толку лошо …“

Полскиот голман Војќех Шченсни минатото лето беше пензионер, но сега веќе има два трофеи оваа сезона, а во игра е за уште два. Тој дојде како принудна замена за повредениот Марк Андре тер Штеген во Барселона, но ги освои симпатиите не само на навивачите на Каталонците, туку и на целиот фудбалски свет. Многумина сметаат дека сега брани подобро, по пензијата, отколку претходно.

И самиот Шченсни знае да се пошегува на своја сметка, па по победата над Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Куп напиша порака посветена на сите пензионери.

„Ме предупредија за животот по пензионирањето… Мислам дека не е толку лошо“, напиша Шченсни.

Барселона има четири бода предност пред вечниот ривал Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, а во среда го игра првиот меч од полуфиналето против Интер во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести