Шченсни се врати од пензија за да испише историја и да ја има партијата на животот

Да не ја прифатеше понудата од Барселона и да не се вратеше на фудбалските терени по објавувањето крај на кариерата, полскиот Војќех Шченсни ќе беше посиромашен за едно историско достигнување.

Тој вечерва блескаше на голот на Барса, ја имаше партијата на кариерата, ја спречи Бенфика да постигне гол и заедно со Рафиња се јунаци на Каталонците во триумфот извојуван во меч на кој Барселона 69 минути играше со човек помалку. Ова е рекорд, досега се немаше случено некој гостин толку долго да биде со играч помалку, а да победи на меч во ЛШ.

Претходниот рекорд го држеше Јувентус, кој 62 минути беше со човек помалку, а како гостин ја победи Валенсија во нокаут-меч од ЛШ. И на тој меч во Валенсија и вечерва во Лисабон на голот на победниците стоеше истиот човек – Војќех Шченсни.

- Оглас -

Најнови вести