Шчесни успешно опериран во Барселона, не брани за Полска против Македонија

Војчех Шчесни успешно ја минал операцијата на коленото на десната нога вчера во Барселона и сигурно нема да брани за Полска против Македонија.

Јувентус на својот сајт објави дека полскиот голман треба да мине одреден период на рехабилитација, по вчерашната операција, по која бил среден проблемот со менискусот на десното колено.

“Интервенцијата во Барселона мина во најдобар ред и Шчесни веднаш ќе го почне процесот на рехабилитација со помош на физиотерапевтите“, соопштија од Јувентус.

Тоа значи дека првиот голман на Полска нема да брани против Македонија на 7. јуни, а дополнително е повикан Рафал Гикиевич, голманот на Унион Берлин, па изборот на Јиржи Брзечек ќе биде меѓу него, Фабијански од Вест Хем и Скорупски, кој е голман на Болоња.

 

- Оглас -

Најнови вести