Шеф на Манчестер сити: Гвардиола во Јуве? Тоа е смешно

Информациите дека Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер сити и ќе го преземе Јувентус се смешни, смета членот на Бордот на директори и советник во англискиот клуб, Алберто Галаси.

Италијанските медиуми тврдат дека тој е решен да си оди од Сити и да го замени Масимилијано Алегри во Јувентус.

„Таа шпекулација е смешна, неверојатно е како медиумите пренесуваат такви гласини. Манчестер сити не може да биде оставен од никого без наше знаење, а и Јувентус е голем клуб кој прво нас би не прашал. Пеп сака да остане во Сити, има уште две години договор, тој е голем професионалец, и не може да поверува дека никој не ги слуша неговите зборови. Немаме проблем, не постои никаков спор во врска со ова. Жал ми е за навивачите на Јувентус, но треба да си најдат некој друг тренер” – рече Галаси кој додава дека разговарал со вицепретседателот на Јуве, Павел Недвед, и наводно двајцата се смееле кога слушнале дека медиумите го селат Гвардиола во Италија.

- Оглас -

Најнови вести