Џердан Шаќири и Рајан Брустер би требало да бидат нови засилувања за Шефилд јунајтед, а најавено е дека тандемот од Ливерпул наскоро ќе се пресели на „Брамал лејн“.
Шаќири ретко добива шанса кај шампионот поради силната конкуренција во офанзивниот дел, а слично е и со Брустер.
Шефилд јунајтед ќе треба да плати околу 25 милиони евра за Брустер, ако сака да го откупи неговиот договор од Ливерпул, а клаузулата ќе важи во следните три години.
За Шаќири има уште неколку клубови кои се заинтересирани, па сè уште не е сигурно дека ќе замине во Шефилд јунајтед.
Швајцарскиот репрезентивец има и други интересни понуди, а Ливерпул ќе се обиде да му помогне да најде нов клуб, исто како и да го разреши јазолот со Марко Грујиќ.
Српскиот репрезентативец има уште една година од договорот со Ливерпул потпишан во 2016 година, а моментно игра за Херта како позајмен играч.
За него заинтересирана е Борусија Менхенгладбах, па веројатно тој ќе остане да игра во Бундеслигата.